Според пресметките на Државниот завод за статистика, инфлацијата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4,0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 %. Инфлацијата бележи минимално забавување, но сеуште е далеку од таргетираното ниво од 2 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %.
Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %.
Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.8 %, Комуникации за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3.



