Европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF) ја извести Хрватска дека на нејзина територија се пронајдени македонски црвени пиперки што содржат нелегални количини на метомил.
Тие истакнуваат дека ризикот е „сериозен“ и дека е потребно зеленчукот да се повлече од пазарот. Имено, кај овие пиперки од Македонија е пронајдено дека содржат 0,049 mg/kg – pmm метомил, додека максималната дозволена количина на овој пестицид е 0,01 mg/kg – ppm.


