ПочетнаЕКОНОМИЈАОпасен пестицид пронајден во македонските црвени пиперки

Опасен пестицид пронајден во македонските црвени пиперки

Европскиот систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF) ја извести Хрватска дека на нејзина територија се пронајдени македонски црвени пиперки што содржат нелегални количини на метомил.

Тие истакнуваат дека ризикот е „сериозен“ и дека е потребно зеленчукот да се повлече од пазарот. Имено, кај овие пиперки од Македонија е пронајдено дека содржат 0,049 mg/kg – pmm метомил, додека максималната дозволена количина на овој пестицид е 0,01 mg/kg – ppm.

За потсетување, метомилот е карбаматен инсектицид воведен во 1966 година. Тој е многу токсичен за луѓето, добитокот, домашните миленици и дивите животни.

Мострата е земена на 23 септември, додека Хрватска е информирана, како што наведуваат, за овој проблем на 3 октомври, пишува порталот dnevno.hr.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП