ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намалуваат цените на горивата од полноќ

Се намалуваат цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00 % во однос на одлуката од 29.09.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,509% или за 32,700 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,632% или за 25,850 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,791% или за 26,700 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,998% или за 16,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 52,6288 ден/$ и е за околу 0,3395% повисок од курсот на доларот (52,4508 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.09.2025 година

Од 07.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)

-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС 36,660 (денари/килограм)

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП