ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Регулацијата и надзорот се клучни за стабилноста и отпорноста на финансискиот...

Лагард: Регулацијата и надзорот се клучни за стабилноста и отпорноста на финансискиот систем

Регулацијата и надзорот се клучни за стабилноста и отпорноста на финансискиот систем, изјави денес претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

За време на својот говор во Амстердам, таа потсети дека ненадејните промени на каматните стапки, или во насока на зголемување или намалување, можат да го загрозат банкарскиот систем и да предизвикаат зголемување на финансиските ризици, што, како што изјави, беше забележано за време на американската криза на штедни и кредитни институции во 1980-тите и глобалната финансиска криза во 2008 година.

Според неа, искуството од последните години покажа дека строгата регулација и мерките за стабилност на финансискиот систем помагаат да се зачува стабилноста и да се ослободат централните банки да ја фокусираат монетарната политика на целната инфлација.

Таа нагласи дека треба да се зголеми надзорот врз небанкарските субјекти како што се инвестициските фондови и осигурителните компании, така што монетарната политика нема да биде единствената мерка за зачувување на стабилноста на системот.

Лагард рече дека креаторите на политиките не смеат да чекаат уште една финансиска криза за да бидат потсетени колку се високи влоговите, според текст објавен на веб-страницата на банката.

„Супервизијата на небанкарските субјекти мора да се прошири што е можно поскоро со цел да се зачува стабилноста и да се намалат потенцијалните тензии во системот“, додаде претседателката на ЕЦБ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП