Македонија може да е една од ретките држави не само во регионот туку и пошироко, каде се забележува континуиран пад на бројот на рботници во индустријата. Се помалку луѓе од земјава сакаат да работат во фабрики и слични производствени капацитети. И тоа во време кога се бара работник повеќе и се настојува да биде зголемено домашното производство, не само на храна, туку и на останати производи.
Официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека за една година стапката на бројот на вработени во индуструјата е намалена за 2,6 отсто. Статистичарите пресметале дека ова намалување е за периодот август годинава споредено со истиот месец лани. Најголемо намалување на бројот на рботници во индустијата има во рударството, преработувачката индустрија и во компаниите од енергетскиот сктор.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8%, Капитални производи за 7.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2%, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7.3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3.8%.
Доколку се проанализираат податоците, може да се забележи дека за една година за дури четири отсто е намален бројот на работници кои копаат и вадат јаглен, а тоа е сектор кој е многу важен за државата. Намалување има и кај останатите рударски сектори, со исклучок на вадењето метал, каде е забалежан незначителен раст на бројот на вработени од само 0,2 отсто. Што се однесува до преработувачката индустрија, намалување на бројот на работници има во производството на храна, во производството на текстил и облека, а најдраматичен пад има во производството на кожи, каде минусот за една година изнесува 13 отсто. Во енергетскиот сектор намалување на бројот на работници има во производството на струја, гас, пареа и климатгизација.
И сето ова се случува во време кога газдите на големите фабрики не жалат пари за плати на добар работник, барем таков е нивниот коментар, а потврда има и од бројките. Во Индустриските зони на пример, платите кои се даваат на работниците се повисоки од просечната плата која е на ниво на цела држава.
И.П.



