ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп му нареди на Израел: Веднаш да престанете со бомбардирање на Газа!

Трамп му нареди на Израел: Веднаш да престанете со бомбардирање на Газа!

Политичката елита на Израел ѝ нареди на војската да ги намали офанзивните активности во Газа откако изјави дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Израел мора веднаш да престане со бомбардирањето на Газа и дека верува оти Хамас е подготвен за мир по претходната изјава на палестинската милитантна група.

Во исто време, Катар соопшти дека започнал координација со медијаторите Египет и САД за продолжување на разговорите за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа за прекин на војната. Портпарол на Министерството за надворешни работи на Катар изјави на X дека Катар го поздравува одговорот на палестинската милитантна група Хамас на планот на Трамп.

Политичкото раководство на Израел ѝ нареди на војската да ги намали офанзивните активности во Газа откако изјави дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, објавија израелските медиуми.

Медиумите известуваат дека ова е наредено од политичкото раководство на Израел откако Хамас одговори на планот.

Хамас во петокот објави дека е подготвен да ги ослободи сите израелски заложници, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за палестинската енклава, но рече дека ќе бара преговори за деталите за ослободувањето, како и за други точки како што се предавање на контролата врз Појасот Газа и разоружување на милитантната група.

Трамп му даде рок на Хамас до недела навечер да постигне договор за неговиот план за иднината на Газа, нарекувајќи го тоа последна шанса за палестинската милитантна група.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП