Златото би можело да порасне повеќе од очекуваното во наредните месеци поради зголемениот интерес од приватните инвеститори, изјавија аналитичарите на „Goldman Sachs“, цитирани од „Bloomberg“.
Изненадувачки силните парични текови во фондовите поддржани од злато со кои се тргува на берза веќе ја надминаа претходната прогноза на банката. Според аналитичарите, потенцијалот на приватните инвеститори значително да се диверзифицираат во злато би можел да доведе до тоа благородниот метал да ја надмине својата почетна проценка од 4.000 долари за тројанска унца до средината на 2026-та година и 4.300 долари за тројанска унца до крајот на следната година.
„Goldman Sachs“ веќе верува дека би можеле да бидеме сведоци на ценовно ниво од 5.000 долари за тројанска унца ако само 1% од приватно поседуваните американски државни обврзници се префрлат на жолтиот метал.
Златото е меѓу најсилните стоки во последно време. Тоа порасна за речиси 50% оваа година, надминувајќи го рекордот поставен во 1980-та година. Растот е поддржан од зголемените купувања од страна на централните банки и обновените намалувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви.
Неколку минути по почетокот на редовната сесија во Соединетите Американски Држави, благородниот метал се тргуваше за 0,5% во пораст на 3.917,2 долари за тројанска унца.



