„Toyota“ планира да го претстави својот најмоќен теренец во ерата на електрификација. Откако го претстави хибридниот „Land Cruiser 300“ на Блискиот Исток, јапонските медиуми сега тврдат дека е во подготовка и plug-in хибридна (PHEV) верзија – првиот „Land Cruiser“ што ќе може да поминува кратки растојанија исклучиво на електрична енергија.
„Land Cruiser 300“, лансиран во 2021-ва година со бензински и дизел V6 мотори, оваа година доби и класичен хибрид со 457 ks, што го прави најмоќниот теренец на „Toyota“ досега.
Сепак, „Toyota“ ги паузираше нарачките за бензинската верзија во Јапонија и ја ограничи достапноста на дизелот, што дополнително ги поттикнува гласините за нов погонски склоп.

Според истите извори, plug-in хибридот би можел да комбинира 3.5 V6 мотор и помоќен електричен мотор, со поголем пакет батерии доволен за секојдневно возење без трошење гориво.
Сепак, дополнителната опрема би можела да го намали просторот во кабината и багажникот, па затоа се очекува верзија со пет седишта и помал резервоар за гориво (само).
„Toyota“ веќе размислува за електрични и водородни погони за помалиот „Land Cruiser 250“, па затоа е јасно дека иконскиот теренец влегува во нова фаза – подготвен за планините.



