ПочетнаКОМПАНИИА1 Македонија ја продолжува ексклузивната можност за учење дигитални вештини на бесплатната...

А1 Македонија ја продолжува ексклузивната можност за учење дигитални вештини на бесплатната А1 Академија

A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува модулот „Бизнис аналитика“ во рамките на својата едукативна платформа A1 Академија, која има за цел развој и унапредување на дигиталните и аналитички вештини кај младите. Модулот стартува на 21 октомври и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини во области какви што се анализа на податоци, визуализација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примена на вештачката интелигенција во бизнис секторот. Со модулот „Бизнис аналитика“ младите ќе научат како да ја искористат моќта на податоците и вештачката интелигенција за реални бизнис-решенија.

„Наша визија е да им помогнеме на младите да станат двигатели на позитивни промени во дигиталната економија и активни учесници во бизнис-трансформацијата. Преку модулот Business Analytics, учесниците ќе стекнат вештини за анализа на податоци, критичко размислување и применa на вештачка интелигенција, кои се клучни алатки за носење информирани и стратегиски деловни одлуки. Веруваме дека инвестирањето во дигитални вештини е инвестиција во иднината на нашето општество. Ги охрабруваме сите млади што сакаат да се развиваат професионално, да ја искористат оваа можност и да го направат првиот чекор кон успешна кариера“, изјави Бранкица Толевска, раководителка на одделот за бизнис-трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Модулот ќе биде реализиран под менторство на искусен професионалец од областа на бизнис аналитиката, дополнет со гостинско предавање од професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Комбинацијата на академско знаење и реални индустриски искуства ќе овозможи збогатена и практично ориентирана програма, со фокус на применливи алатки и современи аналитички пристапи.

Досега повеќе од 300 млади и амбициозни учесници беа дел од Академијата и преку неа ги надградија своите дигитални вештини и се подготвија за предизвиците на современото работно опкружување. Академијата продолжува со својата мисија – да биде водечки двигател на квалитетна и иновативна едукација за младите генерации.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на a1academy.a1.mk

Повикот е отворен до 15.10.2025.

По завршување на Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП