ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворен „Октоберфест“ по експлозијата на север на Минхен

Затворен „Октоберфест“ по експлозијата на север на Минхен

Едно лице е убиено, а друго е повредено во раните утрински часови во Минхен откако се слушнале неколку експлозии и истрели, пишува германскиот весник „Билд“. Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а Октоберфест бил затворен како мерка на претпазливост.

Пожарникарите биле повикани околу 4:40 часот наутро поради пожар во станбена зграда. Недолго потоа, службите за итни случаи добиле пријави за силни истрели во близина. Набрзо било пронајдено тело на маж покрај езерото Лерхенауер, како и едно лице со прострелни рани.

Според првите информации, мажот наводно поставил експлозиви, ја запалил куќата на своите родители, а потоа се преселил на локација оддалечена неколку минути, каде што најверојатно извршил самоубиство.

Германските медиуми објавија дека имал ранец со себе, што предизвика стравувања дека можеби поставил експлозиви на друга локација. Полицијата е во состојба на готовност, а едно лице сè уште се води како исчезнато.

Иако нема официјални информации за директна врска со фестивалот, Октоберфест е затворен како мерка на претпазливост.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП