Извозот на хемикалии и сродни производи од Европската Унија (ЕУ) во земји надвор од блокот достигна 560 милијарди евра во 2024-та година, што е нов рекорден износ и зголемување од 7% во споредба со 2023та година, според објавените податоци на Евростат.
Вредноста на увозот се намали за 1% на 322 милијарди евра од 326 милијарди евра претходната година.
Меѓу земјите-членки, петте најголеми извозници во земји надвор од ЕУ се Германија (134 милијарди евра), Ирска (82 милијарди евра), Белгија (62 милијарди евра), Франција (54 милијарди евра) и Холандија (50 милијарди евра).
Главните дестинации надвор од ЕУ се САД (170 милијарди евра), Швајцарија (64 милијарди евра), Велика Британија (47 милијарди евра), Кина (36 милијарди евра) и Јапонија (18 милијарди евра).

Во однос на увозот на хемиски и сродни производи, Германија е најголемиот увозник од надвор од ЕУ во 2024-та година (56 милијарди евра), пред Белгија (45 милијарди евра), Холандија (43 милијарди евра), Италија (34 милијарди евра) и Словенија (29 милијарди евра).



