„Motorola“ се приклучува на трендот на екстремно тенки телефони и најави нов модел наречен „Moto X70 Air“. Самото име јасно го открива фокусот на овој уред, додека официјалниот тизер дополнително ја нагласува неговата минимална дебелина.
Целосните спецификации ќе бидат откриени до крајот на октомври, за кога е закажана официјалната презентација.
Според прелиминарните информации, „Moto X70 Air“ ќе биде напојуван од чипсетот „Qualcomm Snapdragon 8 Gen 5“, а „Motorola“ веќе е потврдена како еден од првите партнери за овој процесор. Засега нема повеќе технички детали, но засега е познато дека серијата Moto X ќе биде наменета исклучиво за кинескиот пазар.
Глобално, се очекува истиот модел да пристигне преку серијата „Edge“, веројатно под името „Edge 70“, со слоганот „неверојатно тенок и неверојатно цврст“.
Неодамна објавената промотивна илустрација дополнително го потврдува ова. Во секој случај, „Motorola“ се подготвува да понуди директна конкуренција на уреди како „iPhone Air“, Galaxy „S25 Edge“ и „Tecno Spark Slim“.



