ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во август 2025 година намалено за 3,5 % во однос...

Индустриското производство во август 2025 година намалено за 3,5 % во однос на август лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3,5 % во однос на август 2024 година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26.8 %. 

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: 

– Производство на прехранбени производи,
 – Производство на текстил,
 – Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),
 – Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати
 – Производство на метали
 – Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема
 – Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
 – Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.7 %, Капитални производи за 12.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8 %. 

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП