ПочетнаАВТОБИЗ„McLaren“ потврди модел со повеќе од две седишта

„McLaren“ потврди модел со повеќе од две седишта

Извршниот директор на „McLaren“ не го потврди директно доаѓањето на теренец, но откри дека компанијата работи на модел кој нема да биде класичен спортски автомобил со две врати.

И покрај лансирањето модели како „Artura“ и хиперавтомобилот „W1“, иднината на „McLaren“ останува под знак прашалник. Компанијата неодамна беше купена од „CYVN Holdings“, саудиски фонд, кој ја спои со британскиот стартап за електрични возила „Forseven“.

Во интервју за британскиот „Car Magazine“, новиот извршен директор Ник Колинс потврди дека „McLaren“ планира да ја прошири својата понуда надвор од сегашната линија на суперавтомобили.

Иако не сакаше да го каже зборот „SUV“, откри дека ќе доаѓа модел со „повеќе од две седишта“.

„Ќе видите нешто со повеќе од две седишта, но тоа сепак остава многу простор за различни толкувања. Дури и во сегментот со две седишта, можеме да понудиме многу поголема разновидност“, рече Колинс.

Тој додаде дека планот за производи на „McLaren“ е дефиниран до 2030-та година, а првите дизајни за сите идни модели се веќе завршени.

Клучна улога во развојот игра соработката со кинескиот производител „Nio“, во кој новиот сопственик на „McLaren“ има 20% удел.

„Ќе видите компоненти на „Nio“ во моделите на „McLaren“ многу порано отколку што мислите. Работиме со нив за да направиме подобар „McLaren“ побрз, не мора да биде побрз автомобил, туку автомобил што се произведува побрзо“, нагласи Колинс.

Иако деталите не се познати, компанијата претходно навести за можноста за „SUV“ модел, а електричен „McLaren“ исто така останува опција во иднина.

Следните пет години ќе покажат колку навистина ќе се промени „McLaren“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП