Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата.
После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководство на проф. д-р Томас Лушер, доц. д-р Тања Анѓушева заедно со претседателот на Македонското здружение по кардиологијa проф. д-р Јорго Костов и организациониот одбор ја организираа реализацијата на школата и во нашата земја. Регионалната школа по срцева слабост беше подржана од Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA) и реномираните центри London Heart House и Zurich Heart House кои неколку децении наназад традиционално ја одржуваат оваа школа. Истата е акредитирана и во Европскиот Акредитацијски совет за континуирана медицинска едукација. Клучни предавачи на школата беа еминентниот проф. д-р Томас Ф. Лушер претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Марко Метра претседател на Европската асоцијација за срцева слабост, проф. д-р Петар Сеферовиќ поранешен претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Јакопо Оивиото лидер во третманот на хипертрофичната кардио-миопатија, проф. д-р Филипо Креа одговорен за едитирање на стручни списанија при Европското здружение, проф. д-р Јадранка Стојановска лидер во Магнетната дијагностика, и многу други страни и домашни предавачи.

