ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се инвестира во базна енергија за да се превенира крах на...

Да се инвестира во базна енергија за да се превенира крах на системите!

Блек аутот во Шпанија и Португалија и претходно во дел од земјите на Балканот – Црна Гора, Хрватска, Косово и Албанија е аларм дека владите мора да ги стават во фокусот инвестициите во енергетскиот сектор.

За да се обезбеди стабилна и сигурна испорака со електрична енергија во време кога се зголемува производството од обновливи извори, неопходни се инвестиции во базна енергија, батерии за складирање на електрична енергија, а пред се во електропреносниот и дистрибутивен систем. Ова е заклучокот на Балканската енергетска школа што се одржа во Скопје во организација на Регулаторната комисија за енергетика.

Енергетичари, регулатори и оператори на електропреносните системи од регионот и Европа со заеднички сили решија да најдат решенија и превентивни мерки повеќе да не се случи целосен „блек аут“. Нивниот став е дека лекцијата веќе е научена. Дигитализацијата во енергетиката е неопходна, но мора да оди паралелно со мерки и протоколи во делот на сајбер безбедност, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

„И во време на вештачка интелигенција, инвестициите во стручен и обучен кадар е инвестиција во стожерот на електроенергетскиот сектор. Плановите за развој, зајакнување на мрежата и управување со системот произлегува токму од нив, односно од сите нас. Пред неколку години, за прв пат како регулатори донесовме одлука при определување на тарифата за пренос на електрична енергија на операторот на електропреносниот систем, во која се предвиде дека ќе бидат признаени трошоците само на ново вработени инженери кои ќе управуваат со системот и ќе работат на имплементирање на европските стандарди во оваа област“, изјави Бислимоски, претседател на РКЕ.

Балканското училиште за енергетика кое е основано пред три години од Регулаторната комисија за енергетика, заедно со регулаторните тела од Италија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора има за цел да овозможи едукација за најновите текови во енергетиката за претставниците на регулаторните тела, операторите на преносните системи, операторите на пазарите на енергија, како и други чинители во енергетскиот сектор.

Претходни и од министерствоза енергетика гарантираа дека  проблеми со мрежата во летниот период нема да се случат. Оваа нивна изјава следуваше по велигденските празници, кога поради преоптовареност на мрежата, а намалена потрошувачка на струја, беа исклучени некои производители.

Паниката настана кога Шпанија и Португалија се соочи со комплетен „блек аут“, односно колабирање на системот за снабдување со електрична енергија поради намалена потрошувачка на струја за време на празници кога не работи индустријата.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП