ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро стапува на сила новиот систем за влез во ЕУ: Ќе има...

Наскоро стапува на сила новиот систем за влез во ЕУ: Ќе има гужви на границите – само пасош повеќе не е доволен

Граѓаните на Македонија кои сакаат да влезат во земјите од Европската Унија (ЕУ) наскоро нема да биде доволно само пасошот за да ја преминат границата. Се воведува нов систем за влез во Шенген зоната EES (Entry/Exit System), кој ќе стапи на сила на 12 октомври, и поради ова, гужвите на граничните премини би можеле да бидат драстично поголеми.

EES е нов електронски систем кој ќе го замени рачното печатирање на пасошите и ќе евидентира податоци за влез и излез на граѓани на земји кои не се членки на ЕУ (т.н. „трети земји“) на границите на Шенген зоната.

Според британскиот „Гардијан“, биометриската регистрација за посета на ЕУ можеби нема да биде целосно имплементирана уште девет месеци, а на граничните службеници на поединечните земји им е дозволено да ги олабават правилата за да ги намалат редиците или хаосот откако системот EES (Entry/Exit System) конечно ќе биде оперативен.

Клучната разлика е во тоа што EES ќе бара биометриска регистрација на патниците:

-При прв влез во ЕУ, на патниците ќе им се земаат отпечатоци од прсти (обично четири прста) и ќе се фотографираат.

-Овие податоци, заедно со основните податоци за пасошот, ќе бидат складирани во централна европска база на податоци три години.

-Системот автоматски го евидентира местото, датумот и времето на преминување на границата.

EES пристигнува, но не на сите граници

Системот ќе стапи на сила на 12 октомври само за мал број патници, а целосната усогласеност нема да се спроведе до 10 април 2026 година.

Сепак, реалната можност за долги редици и доцнења по пристигнувањето предизвика загриженост во рамките на ЕУ. EES е особено проблематичен за преминување на Ламанш, каде што патниците што патуваат низ тунелот или морето минуваат низ француските гранични контроли во Велика Британија. Ова значи дека биометрискиот процес на EES мора да се заврши пред заминување, а сите доцнења на страната на Велика Британија се случуваат пред патниците да можат да стигнат до својот воз или траект.

Македонците што планираат да одат во Хрватска или Унгарија мора да се вооружат со трпение бидејќи гужвите ќе бидат огромни. Иако е неизвесно кога ќе започне практиката на системот EES во одредени земји и како ќе се спроведува целата постапка.

На 12 октомври, Хрватска ќе започне со имплементација на системот EES на сите гранични премини.

Прво, ќе се собираат биометриски податоци, што ќе трае вкупно четири часа на ден во првиот месец. Секој следен месец, тој временски период ќе се зголемува, така што целосната имплементација на системот ќе започне по шест месеци, односно 180 дена.

При прв влез во Европската Унија, граѓаните на трети земји ќе мора да дадат четири отпечатоци од прсти и фотографија од нивното лице, заедно со информациите од нивната патна исправа. Овие биометриски податоци ќе се внесуваат во системот и ќе се користат на секој следен граничен премин.

Унгарија објави дека новите правила ќе се воведуваат постепено во период од 180 дена, почнувајќи од 12 октомври:

Прво на унгарско-украинската граница, потоа на унгарско-српската граница и конечно на аеродромските премини.

Цели на системот:

Подобра контрола на престојот (препознавање на оние кои го надминале дозволениот престој). Подобра безбедност (мапирање на движењата, идентификација на сомнителни шеми). Патниците да не мора постојано да добиваат печати во пасошите, туку системот да ги евидентира.

Официјалниот почеток на оперативната работа на системот EES е 12 октомври 2025 година. Сепак, тој ќе се спроведува во фази, во период од околу шест месеци, до 10 април 2026 година, кога се очекува EES да биде во целосна употреба на сите граници.

Како ќе изгледа постапката за влез во ЕУ?

И еве едно типично сценарио за „влегување во Шенген“ со системот EES.

Пристигнување на граничниот премин

-Покрај обичната контрола (проверка на пасош, барања за виза, доказ за средства, сместување), ќе се активира протоколот EES
-Доколку е ваша прва посета во рамките на EES, т.е. сè уште не сте се регистрирале во системот, ќе бидат земени ваши биометриски податоци: фотографија од вашето лице + отпечатоци од прсти
-Податоците за влез (време, место) се евидентираат автоматски во системот

Излез од Шенген

-При излегување, системот ќе ги регистрира, односно ќе го одреди времето и местото на излегување, а вие ќе ги поврзете со внесените податоци

Следни посети/повторен влез

-Кога повторно ќе патувате во Шенген, системот ќе ги користи собраните податоци за да ве „препознае“ (лице/отпечатоци) и да провери дали сте влегле/излегле претходно, дали сте останале подолго, дали имате активни забрани итн…

-Процесот треба да биде побрз бидејќи нема да мора повторно да ги внесувате сите податоци

Во преодната фаза (октомври 2025 до април 2026 година), можни се „олеснувања“:

-Дел од граничните премини немат веднаш да бараат биометриски податоци или ги обработуваат сите патници преку EES
-Пасошите сè уште можат да се печатат во некои случаи
-Можни се повремени исклучоци за да се избегне метеж

Не заборавајте го ETIAS

Почнувајќи од следната година, покрај системот EES, македонските граѓани ќе мора да го користат и ETIAS – електронско овластување кое важи три години и чини 20 евра:

-Податоците и пасошот се внесуваат онлајн
-Таксата се плаќа електронски
-Одобрението овозможува патување во Шенген зоната без дополнителни процедури

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП