ПочетнаКОМПАНИИ„SAP“ потпиша договори со „AWS“ и „OpenAI“ за проширување на своите „суверени“...

„SAP“ потпиша договори со „AWS“ и „OpenAI“ за проширување на своите „суверени“ услуги

„SAP“ соопшти дека потпишал договори со „OpenAI“ и „Amazon Web Services“ за проширување на својата понуда на услуги за „дигитален суверенитет“ на европските влади, објави „Bloomberg“.

Германскиот развивач на софтвер ќе соработува со „OpenAI“ за да ги донесе услугите за вештачка интелигенција (AI) на компанијата, вклучувајќи го и „ChatGPT“, во јавниот сектор во Германија, соопштија компаниите во заедничка изјава. Иницијативата, наречена „OpenAI“ за Германија, ќе нуди услуги преку „Delos Cloud“ на „SAP“, кој складира податоци локално и во согласност со европското право.

„SAP“ и „Amazon.com“, исто така, во посебна изјава изјавија дека германската компанија ќе ги обезбеди своите суверени „cloud“ услуги преку „AWS“.

Неколку европски земји брзаат да изградат таканаречени „суверени“ услуги за „AI“, бидејќи властите и бизнис лидерите стравуваат дека континентот ќе ја отстапи контролата врз критичната технологија.

„SAP“, најголемата европска софтверска компанија, веќе објави дека ќе потроши околу 20 милијарди евра за своите суверени услуги.

За разлика од вестите на „OpenAI“ за нивната инфраструктурна програма „Stargate“, вклучувајќи ги и неодамнешните проширувања во Норвешка и Велика Британија, изјавата на германската компанија не вклучуваше никакви планови за изградба на центри за податоци или обезбедување капитал.

Германската компанија помина години обидувајќи се да го прилагоди својот софтверски бизнис на барањата на „cloud computing“, а сега се обидува да го стори истото за ерата на генеративна вештачка интелигенција.

Се очекува приходите од „cloud“ услуги на „SAP“ да достигнат речиси 22 милијарди евра, речиси три пати повеќе од нивоата во 2019-та година. Сепак, „SAP“ не ги открива продажбите на „Delos Cloud“, кој работи со услугите „Azure“ на „Microsoft“.

„SAP“ претходно инвестираше во „Aleph Alpha“, „Cohere“ и „Anthropic“, помали стартапи кои се обидуваат да се натпреваруваат со „OpenAI“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП