ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ надмина 3 милијарди месечни активни корисници

„Instagram“ надмина 3 милијарди месечни активни корисници

„Instagram“ сега има 3 милијарди месечни активни корисници, објави извршниот директор на „Мeta“, Марк Цукерберг, цитиран од „CNBC“.

„Каква неверојатна заедница изградивме овде“, објави Цукерберг на својот „Instagram“ профил.

Бројката е големо достигнување за апликацијата за споделување фотографии и видеа, која социјалната мрежа ја купи во 2012-та година за 1 милијарда долари.

Последниот пат кога „Мetа“ откри податоци за бројот на корисници на „Instagram“ беше во октомври 2022-ра година, кога Цукерберг рече за време на презентацијата на финансискиот извештај дека апликацијата надминала 2 милијарди месечни корисници.

Во април 2024-та година, „Меta“ изјави дека повеќе нема да го открива бројот на месечни и дневни активни корисници на „Facebook“ и другите апликации на компанијата на квартална основа. Оттогаш, „Мeta“ пријавува дневни активни корисници кои ги користат нејзините апликации секој квартал. Тој број достигна 3,48 милијарди во јули, соопшти компанијата, надминувајќи ги проценките на аналитичарите од 3,45 милијарди.

Со 3 милијарди месечни корисници, „Instagram“ им се придружува на „Facebook“ и „WhatsApp“ во слични пресвртници.

Во јануари, Цукерберг рече дека апликацијата „Facebook“ ја користат повеќе од 3 милијарди месечно активни корисници. Потоа, во април, им кажа на инвеститорите дека и „WhatsApp“ го има тој број.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП