Доколку сите вложиме малку повеќе време и ентузијазам во садење растенија и грижа за зелените површини, Скопје, но и останатите градови во земјава би станале многу позелени и поубави места за живеење. Со секое засадено дрво и грижа за него, би имале повеќе сенки на улиците и парковите, помалку прашина и загаденост, подобар квалитет на воздухот, повеќе пејзажи што повикуваат на прошетка, одмор и дружба, помалку бетон и асфалт, и повеќе живот и боја во нашиот живот.
Зелените површини се белите дробови на една општина, и тие не треба да исчезнуваат за сметка на урбани зданија. За жал кај нас не се почитуваат стандардите колку треба да има зеленило на м2 станбен објект. Хортикултурното уредување на просторот околу нас, дворовите, терасите, улиците, парковите, се чини се повеќе место му отстапуваат на урбаниот неред, а просторот за зеленило се стеснува.
За среќа постојат еко амбасадори и активисти кои се гласни со своите ставови, и кои со својот личен пример вистински се борат во нашиот град да имаме што повеќе зеленило. За таа цел разговараме со Ѓорѓи Самарџиев, сопственик на семејната компанија Градинарски центар ФОЈА.
Што треба да направиме за да Скопје биде почист и позелен град?
-Секој поединец, секоја институција да се однесува еко одговорно, пред се. Размислувањето од типот, моето однесување е небитно, и не влијае на целината е погрешно. Напротив секој еден човек е важен, и може да придонесе. Природата е повратен ресурс, а ние кон неа се однесуваме како да сме позајмиле непресушен ресурс, како иднината да ни е загарантирана независно од нашето деструктивно влијание? Во многу општествени случувања и проекти немаме директно влијание. Но доколку ние самите нешто превземеме, сигурно во нашето дело ќе се препознаат и други сограѓани кои индиректно ќе бидат охрабрени за нивните сродни планови.
Што е важно при садење, или како еден простор да изгледа убаво?
-Еден двор или зелена површива важно е да има хармонија, рамнотежа и комбинација од зимзелени и листопадни растенија. Потоа правилно распоредување на растенијата, и да се користат помали и соодветни култури за местото и позицијата и доколку станува збор за поголема површина задолжително вградување на систем за полевање, што ќе го олесни одржувањето во иднина.
Во светот веќе подолго време се пракикуваат кровните градини. Зошто тие се добри, и како придонесуваат?
-Истражувачите проценуваат дека кровна градина со површина од 100м2 може да отстрани околу 40 килограми PM честички од воздухот за една година, а исто така да произведува кислород и да го отстрани јаглерод диоксидот (CO2) од атмосферата. Четириесет килограми PM се приближно колку што 15 патнички возила ќе испуштат за една година типично возење. Покрај тоа, некои растенија што се користат, при подигање на кровни градини, како што се Sedum album и Sedum spurium, се метални хиперакумулатори, со невообичаено високо ниво на внес и складирање на елементарни метали. Го подобруваат квалитетот на воздухот, ја намалуваат потрошувачката на енергија во зградите.

Кровните градини го намалуваат загревањето. Крововите на кои има поставено кровни градини се со 1-4° степени пониска температура, наспроти конвенционалните кровови. Исто така можат да ја намалат температурата во околината и до 5 °.
Растенијата на зелените покриви го користат дождот веднаш. Во лето, градините на кровот можат да задржат до 80% од врнежите. А во зима до 40 % од дождовите. По искористувањето, водата се враќа во атмосферата преку транспирација и испарување.
Бенефитите се огромни.
Сведоци сме на исушени дрва и растенија во градските средини, но и на садење на садници на несоодветни локации. Што да садиме во градовите?
-Секогаш е добро да се послушаат советите на експертите, бидејќи на тој начин се заштедуваат и средства, а и околината изгледа поубаво. Треба да се знае дека неколку видови дрвја и грмушки и перени се приспособуваат на урбаните услови, и не бараат премногу грижа. Па така во градовите листопадните дрвја треба да имаат предност пред преостанатото зеленило доколку просторот е ограничен, бидејќи со нивната крошна некоку пати повеќекратно ја зголемуваат зелената површина во волумен. Како на пример: Јавор, Бреза, Даб, Габер, Јеребика, Бука, Трепетлика и многу други видови кои се отпорни на екстремни климатски влијанија и за соодветната позиција секојпат посои вид што ги поседува потребните карактеристики.
Од грмушки цветните и бујни Форзиции, Спиреи, Јасминиуми, Бербериси преку Хортензиите и Будлеите кои имаат убави цветови, добро успеваат на сонце ,во полусенка и со помалку вода. Па перените (трајните цветници), лаванда, рузмарин, божур…цветните луковици кокичиња, лалиња, зумбули кои се аватари на пролетта и не бараат многу нега, како и многу многу други. А за да се осигураме дека ќе набавиме квалитетни садници, кои ќе траат добро е да с енабават од реномиран градинарски центар. Хортикултурниот центар ФОЈА слави 20 години, има вонсерискиот асортиман на надворешни растенија а тука може да се добијат и најдобрите градинарски совети. Над 470 различни видови растенија, во разни форми, бои и големини.

Кое растение е најубаво?
-Најубавото растение е здравото, со бујна зелена и раскошна крошна. Тоа се карактеристиките на секое едно кое ќе го одберете, само доколку биде посадено на соодветна позиција и барем минимално ја добие потребната грижа! Затоа првенствено одберете соодветен вид за вашите услови и можности па потоа анализирајте ги декоративните својства.
Дрвјата, растенијата и цвеќињата прават просторот да изгледа убаво, пријатно, релаксирано и инспиративно. Не мора да се креираат големи зафати – доволно е секој човек да посади нешто, за кое може да обезбеди грижа.
Кои се позитивните ефекти од растенијата во градска средина?
-Корисните ефекти од растенијата може да се сместат во една дебала книга. Независно колку ни се познати секојпат е корисно да ги повториме најесенцијалните: Апсорбираат јаглерод диоксид (CO₂) и многу други штетни гасови, прашина и токсини од воздухот . Ослободуваат кислород. Произведуваат плодови. Нивните корења спречуваат ерозија на почвата и помагаат во задржување на водата.
Зелената лисна маса ја апсорбира топлината и ја разладува околината. Позитивно влијаат врз психичкото здравје. Престојот во природа или грижата за растенија може да го намали стресот и да ја подобри концентрацијата и расположението. Со садење не само што придонесуваме кон средината, туку го креираме и нашиот интимен простор и имиџ… со малку создаваме многу .



