ПочетнаКОМПАНИИКако сработија Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат-М во 2024 година

Како сработија Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат-М во 2024 година

Според анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги(АВМУ) за 2024 година, приходите од рекламирање претставува клучен извор на финансисрање за комерцијалните телевизии и радиостаници во Македонија.

Вкупните приходи на комерцијалните телевизии за 2024 година изнесуваат 1,607 милиони денари (26 милиони евра), додека радиостаниците остварија приходи на износ од 246 милиони денари(4 милиони евра).

Вкупните приходи што во анализираната година ги оствариле петте терестријални телевизии на државно ниво (Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма) изнесувале 1,32 милијарди денари, а вкупните трошоци 1,19 милијарди денари. Заедничкиот резултат од работењето бил добивка во износ од 112,40 милиони денари (сите пет телевизии оствариле добивка од работењето).

Во однос на претходната година, заедничките вкупни приходи на овие пет телевизии се повисоки за 19 %, што се должи на приходите од платеното политичко рекламирање за време на парламентарните и претседателските избори (199,48 милиони денари). Без нив, зголемувањето на вкупните приходи е незначително и изнесува само 0,92 %, се вели во извештајот.

Сител телевизија е апсолутен лидер со 43 % од вкупните приходи на овој релевантен пазар(во апсолутен износ од 566,37 милиони денари), а 21 % се приходите на Канал 5 (281,83 милиони денари). Останатите 36 % се приходите на Алсат М (180,63 милиони денари), Телма (152,61 милион денари) и на Алфа (135,16 милиони денари)

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП