Бјанка Катру, Заменик Генерален Директор на М КЕШ, гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, каде ја претстави компанијата како пример за општествено одговорно работење.
Во интервјуто беше нагласен развојниот пат на М КЕШ во изминатата деценија, вредностите што ја движат компанијата напред и мисијата зад хуманитарната иницијатива „Од срце за срце“. Преку оваа иницијатива, М КЕШ ја потврдува својата посветеност кон заедницата и создавање трајна позитивна промена.

