ЕКОНОМИЈА

Ќе следат нови мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува нови мерки за цените на прехранбените производи во маркетите. Премиерот изјави дека екипите на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренција постојано се на терен и дека веќе се покренати постапки против прекршителите.

Во денешното излагање Премиерот Мицкоски изјави дека во тек се подготовките за новите мерк, а тоа што не прават како влада естрада од политиките кои ги водат, не значи дека не се грижат за граѓаните.

Премиерот очекува да се намали инфлацијата во наредниот период и нејзино сведување на 2 до 3 проценти наредната година. Исто така дополни дека првпат после многу месеци се намалува и базичната инфлација.

„Очекувам овие месеци да имаме намалување на инфлацијата, а следната година да дојдеме до инфлација помеѓу 2 и 3 проценти на годишно ниво. Доколку ја споредиме инфлацијата во земјите од регионот, кај нас има тренд на намалување и за првпат после многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен параметар, односно се намалуваат“, изјави премиерот.