ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите најмногу се зголемија во овие земји од ЕУ

Платите најмногу се зголемија во овие земји од ЕУ

Во вториот квартал од оваа година, трошоците за труд во ЕУ се зголемија за четири проценти во споредба со истиот период минатата година.

Во исто време, растот на трошоците за труд во Еврозоната се зголеми за 3,6 проценти, според Евростат, статистичката агенција на ЕУ.

Раст по сектори: Каде платите скокнаа најмногу?

Платите во ЕУ најмногу се зголемија во градежниот сектор, за 4,8 проценти, во услугите за 4,6 проценти и во индустријата за 3,9 проценти.

Во исто време, платите, односно часовните плати, се зголемија за 8,9 проценти во секторот на професионални, научни и технички активности и за 6,7 проценти во рударството.

Бугарија, Унгарија и Романија на врвот на листата

Гледано по земји, најголем раст на платите на годишно ниво имало во Бугарија, дури 13,2 проценти. Втора е Унгарија со зголемување на платите од 10,9 проценти, а трета е Романија со 10,4 проценти.

Општо земено, зголемувањето на платите е значително поголемо во земјите-членки на ЕУ од Централна и Источна Европа отколку на Запад.

Најнискиот раст на платите, со помалку од два проценти на годишно ниво, беше во Франција од 1,4 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП