ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да се протурка месецот? Минималната синдикална кошница 65 077 денари

Како да се протурка месецот? Минималната синдикална кошница 65 077 денари

Минималните трошоци на едно семејство за септември 2025 година изнесува 65.077 денари и е намалена за 430 денари во однос на претходниот месец.

Најмногу пари, односно 23.394 денари се потребни за храна и пијалоци, а потоа образование со 7.097 денари и режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија, греење, станарина 6.096 денари. За облека и обувки се потребни 5.725 денари, за хигиена 2.636 денари, за здравство 1.174 денари.

За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари, за рекреација и култура 5.592 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

Ова значи дека на семејство каде двајцата родители се со плати од по 30.000 денари, ќе им недостасуваат 5.000 денари за да го преживеат месецот за кој се потребни 65.077 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, минималната синдикална кошница изнесува 80.452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Граѓаните се жалат на скапотијата и велат дека едвај врзуваат крај со крај.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП