ПочетнаЕКОНОМИЈАФич го зголеми кредитниот рејтинг на Италија

Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Италија

Фич Рејтингс го зголеми кредитниот рејтинг на Италија од БББ на БББ+ за да ја одрази зголемената доверба во фискалниот пат на Италија.

Ултраконзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, спроведува политика на фискално штедење веќе две години, а дефицитот на државниот буџет е преполовен на 3,4 проценти од БДП во 2024 година, додека ограничувањето на Европската унија за тоа е три проценти.

Италија е сè уште многу задолжена, а нејзиниот долг е 135 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

„Подобрувањето на кредитниот рејтинг е јасен знак за довербата на меѓународните пазари“, изјави денес Мелони.

Таа рече дека политиките на нејзината влада вродиле со плод како резултат на политичката стабилност, кредибилната економска политика и поддршката за оние кои создаваат работни места и богатство, како и домашниот бизнис и одговорната буџетска политика.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП