Се ближи крајот на летото, најголем дел од нас завршивме со летните одмори, уживавме на плажа, си ги потрошивме парите, па сега дојде септември, кога треба да ги стегнеме финансиите, да си ги ревидираме трошоците, за да се спремаме за некое следно патување или следен одмор.
Денес би сакал со вас да споделам два хинта или два совети, кој што верувам дека ќе ви заштедат време, енергија, а секако и пари.
Првиот хинт е во насока на тоа, дека сите во текот на еден месец имаме за плаќање решиски трошоци, како што се струја, вода, парно, телеком оператори, станбен управител итн.
Доколку овие трансакции ги правите на шалтер во банка, она што треба да го знаете е дека банките за овој вид на трансакции наплаќаат провизија која што се движи од 30 па се до 100 денари по трансакција.
Од друга страна пак, сите овие претпријатија на кои им плаќаме режиски трошоци, имаат свои веб сервиси, каде што со само неколку клика и со било која картичка, можеме да ги платиме своите сметки со 0 денари провизија.
Вториот хинт е околу тоа дека сите имаме потреба од безготовинско плаќање или пренос од нашата сметка на друга сметка, како што е плаќање на фактура, плаќање на градинка, некоја активност за дете, пензионерски дом, префрлање на средтва на друго лице итн.
За сите овие налози доколку се реализираат во банка, се наплаќа провизија по налог, која чини од 15 денари па нагоре, зависно од тоа дали плаќате на сметка во истата банка, плаќате во друга банка, или пак плаќате кон трезорската сметка на државата.
Затоа, мојот совет е да користите електронско или мобилно банкарсво за овие трансакции, бидејќи провизиите за налози можат да бидат и до 70% пониски, зависно од банката.
Доколку ги користите овие два совети, ќе донесете добра финансиска одлука, ќе заштедите време и енергија, а секако ќе заштедите и пари. Во текот на една година, можете да заштедите од 50 евра па и повеќе. За некого можеби овие пари не значат ништо, но некому и тоа како му значат.
Бранко Стојкоски
Личен Банкарски Советник



