ПочетнаКОМПАНИИНајвредната компанија во светот купува удел во гигант кој се бори со...

Највредната компанија во светот купува удел во гигант кој се бори со банкрот

Акциите на американскиот производител на чипови Intel скокнаа за 30 проценти вчера откако Nvidia објави дека ќе инвестира пет милијарди долари во компанијата, така што двете компании заеднички ќе развиваат чипови за центри за податоци и компјутери.

Intel ќе ги користи графичките технологии на Nvidia во развојот на компјутерски чипови, додека Nvidia ќе ги користи процесорите на Intel во некои центри за податоци, објавува Bloomberg.

Извршниот директор на Intel, Лип-Бу Тан, рече дека ја цени довербата што ја покажува оваа инвестиција и со нетрпение очекува понатамошна работа на иновации за клиентите.

„Заедно, ќе ги прошириме екосистемите и ќе поставиме темели за нова ера на компјутерството“, рече извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хванг.

Лидерите на Intel и Nvidia ќе одржат прес-конференција посветена на овој договор во 19:00 часот по средноевропско време, објавува CNBC.

Intel беше во големи проблеми претходно оваа година поради значителен пад на своите акции, но сега постепено се опоравува по поддршката од администрацијата на претседателот Доналд Трамп и договорот американската влада да преземе 10 проценти удел во компанијата.

Само пред три години, Интел имаше повеќе од двојно поголеми приходи од „Nvidia“ и доминираше во компјутерскиот простор, но беше премногу бавен за да го пласира на пазарот специјалниот тип на чип за забрзување што „Nvidia“ сега го нуди и не успеа да добие значителен пазарен удел во таа област.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП