Првиот модел на „Audi“, или поточно „AUDI“, ексклузивно направен за Кина, веднаш стана хит. Брендот чие име е напишано со големи букви доби повеќе од 10.000 нарачки за „E5 Sportback“ за само половина час.
Електричниот „Audi E5 Sportback“, создаден во соработка помеѓу Audi и локалниот производител „SAIC“.
Моделот предизвика огромен интерес, при што двата производители објавија на своите социјални мрежи дека првиот ден регистрирале рекорден интерес за електричниот автомобил.
Претпродажбата на „Audi E5 Sportback“ започна со цена од 235.900 јуани (33.180 американски долари). А само во првите 30 минути, клиентите направија 10.153 претпродажби за новиот модел.
„Audi E5 Sportback“ е електричен автомобил од средна класа со димензии од 4.881 mm во должина, 1.960 mm во ширина, 1.479 mm во висина и 2.950 mm во меѓуоскино растојание. Моделот е достапен во верзија со погон на задните тркала со еден електричен мотор со 299 ks или 408 ks, како и во верзија со погон на сите тркала со два мотори кои развиваат 525 ks или 787 ks.
Верзиите со еден мотор забрзуваат до 100 km/h за 5,0 и 6,1 секунди во зависност од моќноста, додека верзиите со два мотори ја достигнуваат оваа брзина за 3,4 и 3,9 секунди.
Енергијата за електричниот автомобил доаѓа од литиум-железо-фосфатна батерија, достапна во три капацитети – 76,2 kWh, 83,3 kWh или 100 kWh, што овозможува опсег од 618, 623 или 773 км, соодветно.



