Имено, во пресметката на БДП, Црна Гора вклучила и проценка на прометот од трговија со дрога и проституција.
Бруто домашниот производ на Црна Гора во вториот квартал од оваа година остварил раст од 3,5 проценти, а за прв пат, проценката на прометот од нелегални активности, имено трговија со дрога и проституција, била вклучена во пресметката на БДП, објавува „Подгорица Вијести“.
Проценетиот промет од тие активности за 2024 година изнесувал 0,1 процент од БДП од 7,64 милијарди евра, што е 7,6 милиони евра.
Во својата фискална стратегија, Владата на Црна Гора очекувала раст од 4,8 проценти оваа година, но подоцна ги корегирала проценките на 3,5 проценти, додека планот за приходи за оваа година останал според претходната повисока стапка на економски раст.
Во средата, Монстат објави ревидирани податоци за БДП за периодот од 2006 до 2023 година во согласност со методологијата на ЕСА 2010, со што ги исполни обврските од Поглавје 18 Статистика во процесот на пристапување кон Европската Унија една година порано.
Ревизијата за претходните години, како и пресметката на БДП за 2024 година, вклучуваше проценки за легални активности кои често не се пријавуваат, како што се приватни часови, бакшиши, платени услуги во домаќинствата и недоволно пријавување на приходи, како и нелегални активности како што се трговија со дрога и проституција.



