ПочетнаЕКОНОМИЈАШок во Русија: Путин потврди - ќе има промена на владата

Шок во Русија: Путин потврди – ќе има промена на владата

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со лидерите на парламентарните фракции објави дека сегашната руска влада ќе биде заменета со луѓе кои учествувале во „специјалната воена операција“ во Украина.

Рускиот претседател, исто така, повика на унапредување на воениот персонал на лидерски позиции.

Путин, истакна дека политичките партии сè повеќе регрутираат членови на „специјалните воени операции“.

Според руските медиуми, шефот на Русија верува дека војниците ќе можат да дадат позитивен придонес во работата на фракциите и добро да се покажат на лидерски позиции.

„Тоа ќе биде нашата замена. Мораме да размислиме за тоа. И ви благодарам што номинирате токму такви луѓе“, рече тој.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП