Русија наскоро ќе има ривал на сателитската интернет услуга „Starlink“ на Илон Маск, обидувајќи се да се оттргне од застареното размислување што му овозможи на „SpaceX“ да ја преземе круната на доминацијата на сателитите, изјави шефот на „Роскосмос“, Дмитриј Баканов.
„Starlink“ тврди дека управува со најголемата констелација на сателити во светот, со повеќе од 8.000, а руските официјални лица му ја припишуваат заслугата на Маск за револуцијата во лансирањата во вселената на сметка на Русија.
Дмитриј Баканов, 39-годишниот шеф на вселенската агенција Роскосмос, призна во интервју со рускиот ТВ водител Владимир Соловјов дека агенцијата треба да се ослободи од „инерцијата“ и да регрутира повеќе млади професионалци. Русија, рече тој, напредува во создавањето алтернатива на „Starlink“, кој обезбедува интернет услуги преку кластер сателити во ниската Земјина орбита и е широко користен во оддалечени области и конфликтни зони.
„Starlink“ е широко користен од украинските сили во војната со Русија.
Русија тестира алтернативи на „Starlink“
Руската воздухопловна компанија „Bureau1440“ развива систем на сателити во ниската Земјина орбита за да обезбеди глобален широкопојасен интернет.
„Неколку тест возила во орбитата веќе се тестирани, а оние во производство се соодветно модифицирани. Се движиме во таа насока со брзо темпо“, рече Баканов.
Русија, рече Баканов, научи од своите грешки – вклучувајќи го и инцидентот од 2002-ра година кога го отфрли обидот на Маск во Москва да купи интерконтинентална балистичка ракета за вселенски лансирања.
Според биографијата на Маск од 2015 година од Ешли Венс, Русите го отфрлиле барањето на Маск во 2002-ра година затоа што не му верувале – што го натерало Маск да најде начин да ги намали цените на Русија за вселенски лансирања.



