„Kia“ ја претстави редизајнираната „Carnival Hi Limousine“ за 2026-та година – најлуксузната верзија на својот популарен миниван, кој во Кореја се смета за алтернатива на премиум седаните и теренците.

Моделот е визуелно базиран на освежениот „Carnival“, но исто така носи препознатлив подигнат покрив што овозможува повеќе простор во кабината и дополнителна опрема.
Купувачите можат да изберат верзии со четири, седум или девет седишта, додека врвот на понудата е варијантата со четири седишта и луксузни „капетански“ столчиња.
Нуди греење, масажа, потпирачи за нозе, па дури и масажер за стапала и преграда за чевли.

Патниците на задните седишта имаат пристап до 21,5-инчен екран, безжично полнење, „Bose“ звучен систем, фрижидер и преклопни маси, додека амбиенталното осветлување и „ѕвезденото небо“ на покривот создаваат посебна атмосфера.

Понудата на мотори вклучува 3,5-литарски V6 бензински мотор со 290 ks и хибридна верзија со 242 ks.
Опцијата со дизел повеќе не е достапна.

Цените во Кореја се движат од 63,27 милиони вони (околу 45.900 долари) за деветседишната варијанта до 97,80 милиони вони (околу 70.900 долари) за најлуксузната варијанта „Signature hybrid“ со четири седишта.
За споредба, обичниот „Carnival“ чини помеѓу 26.400 и 37.800 долари.

Како што нагласува производителот, „Carnival Hi Limousine 2026“ нуди удобност од бизнис класа во авион, но на четири тркала.




