ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Еврозоната стабилна на два проценти во август, во ЕУ 2,4...

Инфлацијата во Еврозоната стабилна на два проценти во август, во ЕУ 2,4 проценти

Инфлацијата во Еврозоната во август остана на два проценти, иста како и во јули, додека во Европската Унија (ЕУ) стапката беше регистрирана на 2,4 проценти, според новите податоци на Евростат.

Една година претходно, стапката на инфлација во Еврозоната беше 2,2 проценти.

Од друга страна, годишната стапка на инфлација во ЕУ беше 2,4 проценти во август, како и во јули, додека пред една година исто така беше 2,4 проценти.

Најниски стапки се регистрирани во Кипар, која е на нула, по што следат Франција со 0,8 проценти и Италија со 1,6 проценти. Од друга страна, највисоки годишни стапки се регистрирани во Романија со 8,5 проценти, Естонија со 6,2 и Хрватска со 4,6 проценти.

Во споредба со јули 2025 година, годишната инфлација се намали во девет земји-членки, остана стабилна во четири и се зголеми во четиринаесет.

Во август 2025 година, најголем придонес кон годишната стапка на инфлација во Еврозоната имаше од услугите (+1,44 процентни поени), по што следуваат храната, алкохолот и тутунот (+0,62 п.п.), неенергетските индустриски производи (+0,18 п.п.) и енергијата (-0,19 п.п.).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП