„Rheinmetall“ постигна договор за преземање на воената дивизија на бродоградбената компанија „Luerssen Group – NVL“. Овој потег е дел од стратегијата на германскиот одбранбен концерн за проширување на своите активности во Европа.
Најголемиот производител на муниција на Стариот континент го презема овој потег во време кога долгоочекуваната консолидација во германскиот поморски сектор добива на интензитет. Во оваа позадина, производителот на подморници и фрегати „TKMS“ ќе биде одвоен од својата матична компанија „Thyssenkrupp“ веќе следниот месец.
„Rheinmetall“ и „NVL“ се согласија да не ја откриваат цената на аквизицијата. Тие ќе се обидат да го склучат договорот на почетокот на следната година, под услов да добие одобрение од антимонополските органи.
Аналитичарите во „Jefferies“ укажуваат дека „NVL“ генерира двоцифрени маржи, што укажува на цена на аквизиција од 1,5 милијарди евра до 2 милијарди евра.
„Rheinmetall“, кој произведува тенкови, фрлачи на гранати и пешадиски борбени возила, е активен во поморскиот сектор со децении. Како и конкурентите, германската група има корист од повисоките трошоци за одбрана, бидејќи европските земји продолжуваат да инвестираат во одбранбени капацитети по руската инвазија на Украина во 2022-ра година.
„Rheinmetall“ објави продажба од 2,43 милијарди евра во кварталот до крајот на јуни, резултат што ги надмина очекувањата на економистите.
„NVL“ е приватна група со четири бродоградилишта во северна Германија и меѓународни локации. Нејзината продажба за финансиската 2024-та година беше близу 1 милијарда евра и вработува околу 2.100 луѓе низ целиот свет.



