ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 17 Pro Max“ открива дизајн со голем секундарен екран

„Xiaomi 17 Pro Max“ открива дизајн со голем секундарен екран

На официјалната сметка на „Xiaomi“ на „Weibo“ накратко се појави фотографија која го открива задниот дел од долгоочекуваната серија „Xiaomi 17 Pro“.

Сликата, која брзо беше отстранета, даде прв појасен поглед на клучните карактеристики на уредот: систем со тројни камери со два големи сензори и трет помал објектив со блиц, како и секундарен екран во полна големина кој го зафаќа целиот простор околу модулот на камерата.

Според првичните реакции, овој екран на задната страна ќе им обезбеди на корисниците информации на прв поглед, како што се времето и известувањата, потврдувајќи ја активната улога на „Xiaomi“ во иновациите преку спојување на хардверскиот дизајн и дополнителните функционалности, но кои се јасно под влијание на трендот што го диктира „Apple iPhone“. Колку далеку оди, потврдува и овој модел, бидејќи не се двоуми да го копира самото име на телефонот „iPhone 17 Pro Max“.

„Xiaomi“ го враќа концептот на заден екран во полна големина

Овој потег потсетува на претходен експеримент со моделот „Xiaomi 11 Ultra“, кој донесе мал заден екран со дијагонала од 1,1 инчи. Иако на почетокот беше привлечна, идејата не беше продолжена во следните серии.

Сега, „Xiaomi 17 Pro“ оди многу подалеку: се очекува задниот екран во целосна големина да донесе голем број функции, од управување со известувања и напредни прегледи на камерата до музички контроли.

Овој чекор покажува како „Xiaomi“ се обидува да понуди иновации ориентирани кон корисниците и дополнително да се издвои на пазарот на паметни телефони каде што конкуренцијата е сè поинтензивна, објавува „Xaomi Time“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП