20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го победите заморот наутро?

Како да го победите заморот наутро?

Не сте утринска птица? Наутро тешко ви паѓа разделбата со перницата? Недостатокот на енергија наутро најмногу зависи од начинот на кој сте си легнале претходната вечер. Постојат повеќе едноставни начини да се разбудите полни со енергија.

Кога го изгаснавте светлото вчера вечер?

Иако веќе многупати повторувано, морате да запомните дека на возрасен човек му се неопходни седум до девет часа спиење. Никому помалку од шест. Не одете на спиење плански, легнете си кога ќе ви се приспие, и ако може неколку дена пробајте без да местите аларм. Така најдобро ќе видите колку часа ви се неопходни.

Кога вечеравте вчера вечер?

Без разлика на возраста и телесната тежина кај сите луѓе важи истото правило: обилната вечера е обратно пропорционална со добриот сон. Тоа е така поради тешкото чувство во желудникот, организмот е зафатен со варењето, а чести се и ноќните мокрења. Избегнувајте да вечерате доцна, непосредно пред легнување.

Фатете ритам на легнување и будење

Несоницата е поретка кај оние кои го наоѓаат своето време за спиење и будење. Ако не отстапувате од правилото кое самите ќе си го создадете, или отстапувањето да биде најмногу 30 до 60 минути, будењето ќе биде многу полесно.

Добро затемнете

Исклучете ги сите извори на светлина, вклучувајќи го и мобилниот, компјутерот, телевизорот, па дури и дигиталниот часовник. Спуштете ги ролетните. Светлината може да ги наруши вашите внатрешни процеси.

Пијте повеќе

Иако не можете да забележите, наутро организмот ви е благо дехидриран. Дофатете ја чашата, напијте се вода. Така ќе вратите течност во организмот и ќе ја подобрите циркулацијата. Денот е добро да го почнете и со свежо цеден сок од овошје или чаша јогурт.

Никако без појадок

Иако веќе добро познато, не смеете да заборавите дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој му дава на мозокот глукоза и го буди за дневните активности. Исто така, појадокот помага за стабилизација на шеќерите во крвта, кои ако се снижени даваат чувство на замор.

Движете се

Зошто? Физичката активност ја поттикнува циркулацијата и дава моментална енергија. Не мора да истрачате маратон, доволно е неколку круга џогирање, шетање на кучето или неколку вежби јога.

Внимателно со кофеинот

Не се налевајте со кафе ако сте поспани наутро. Дневните препорачани дози на кофеин се 200 до 300 милиграми, што е 2 до 3 шолји кафе. Кофеинот е природен стимуланс кој го зголемува производството на адреналин.

Внимателно со енергетските пијалоци

Многу од тие напитоци содржат премногу стимулирани супстанци кои водат до ниски нивоа на шеќер во крвта и предизвикуваат замор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП