ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги намалува царините

САД ги намалува царините

Денес стапи на сила царина од 15 проценти за автомобили од Јапонија, која американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе како дел од трговскиот договор со Јапонија.

Годинава во април, Трамп ја зголеми царината за странски автомобили на 27,5 проценти, оправдувајќи ја мерката врз основа на националната безбедност.

Овој потег значително ги погоди јапонските производители на автомобили, намалувајќи ги нивните профитни маржи, објавува агенцијата Кјодо.

Намалената царина е дел од договорот постигнат на 22 јули меѓу САД и Јапонија, според кој, во замена за намалени царини, Јапонија се согласи да ги зголеми инвестициите во САД и да го зголеми увозот на американски земјоделски производи.

На 4 септември, Трамп потпиша извршна наредба со која ѝ се доделува посебен третман на Јапонија според новата тарифна политика на САД.

Администрацијата на Трамп, исто така, објави дека сите вишок царини што се воведени од 7 август ќе бидат ретроактивно вратени на јапонските увозници.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП