Од јануари до почетокот на септември реализирани се 291 милиони евра капитални инвестиции. Официјалните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 9ти септевмри капиталните расходи се на ниво од 37,9 отсто.
И покрај ваквата реализација властите не чувствуваат одговрност и сметаат дека во периодот што следи бројките ќе си дојадат на своето. Ставот на владата е дека насекаде во Македонија се градат капитални проекти, особено во лаклните самоуправи кои аплицираа за проекти финансирани од унгарскиот кредит. Дополнително властите велат дека за една година пуштиле во употреба патна инфраструктира повеќе отколку опозицијата за цел мандат.
Оваа Влада не го троши времето на изговори, туку работа. За само година и половина ги ставивме во употреба: делницата Градско-Фариш од 25,7 километри, делницата Страцин-Крива Паланка од 25,5 километри, делницата Врбјани-Ботун од околу 20 километри.
Тоа се 70 километри нови патишта. Со делницата од Кичево-Охрид, бројката ќе достигне 87,5 километри. И тоа за нешто помалку од година и половина.
Но опозицијата ги отфрла овие тврдења на власта и смета дека владата преку популстички мерки и програми се обидува да ги прикрие поразителните резултати кои ги остварува на терен. Капитални инвестиции ниту има ниту се градат, велат од СДСМ.
„Со ВМРО-ДПМНЕ имаме огромен пад, кој со себе повлекува последици по целата економија затоа што Капиталните инвестиции се едни од најважните алатки за економски раст. Дополнително загрижувачки е што парите со кои власта се задолжува не се ефектутуираат за проекти туку се трошат ненаменски за покривање буџетски дупки. Со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски македонската економија тоне, граѓаните имаат се помалку пари, животниот стандард опаѓа а сиромаштијата се зголемува.“ обвинуваат од опозициската СДСМ.
Годинава владата планира да потроши 765 милиони евра од државната каса за проекти кои се од витално значење за граѓаните. Досега не се реализирани ниту половина.
Административно, работите може да се подобрат само доколку се направи уште еден ребалас на буџетот со кој би се скратиле проектите кои се планирани а не се ниту започнати со активности. Пред два – три месеци имаше институции кои на своето конто имаа нула отсто реализација на капитални инвестиции.
И.П



