Жителите на општина Аеродорм утрово во 7:30 часот го блокираа мостот “Близнаци” со итни барања за затвторање и расчистување на дивата депонија Вардариште, која континуирано со години го труе половина град.
“Бараме конечно да се реши деценискиот проблем со депонијата Вардариште која е закана по здравјето на граѓаните”, велат демонстрантите.
Граѓаните бараат итно решавање на проблемот со Вардариште, но и со депонијата Дрисла за да престане загадувањето на речиси половина град.
Поради бројните пожари на Вардариште и Дрисла, и пожарот во Трубарево, граѓаните на Скопје повеќе од две недели дишат загаден, канцероген воздух.
Протестот од 18 часот продолжува на истата локација.



