ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.09.2025

Дневен хороскоп 15.09.2025

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Љубовните односи ќе ви бидат во втор план. Рационални и практични, секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека другите сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе бидете повикани на некаков посериозен состанок, па затоа подгответе се однапред со цел да не се доведете во непријатна ситуација. Некој колега ќе сака да ве искритикува, дозволете му го тоа, и на културен начин објаснете му каде погрешил. Во љубовта нема големи промени.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Работите ви се подржани од планетите па немојте да го жалите вложениот труд во решавањето на проблемите и отстранување на препреките. Отворено борете се за вашите работи и преземете ризик, па макар и од парична природа.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Денеска ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

И понатаму бидете многу внимателни во комуникациите со претпоставените бидејќи на тој план владеат напнатости. Колегите и соработниците ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Неповолниот аспект од Јупитер ви носи напнатости во финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Интересните пријателства лесно ќе се претворат во нешто повеќе, а во сериозните врски ќе се разбуди нова привлечност. Ќе се почувствувате подготвени за сите предизвици кои ви ги носи животот, но не се откажувајте ниту од добрата забава.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе ве нервира односот на вашиот претпоствен кон вашите соработници и ќе се потрудите да преземете нешто околу тоа, што се разбира не ве советуваме. Дури и озборувањата можат да ви бидат штетни. Денес најголемата преокупација ќе ви биде љубовниот живот.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Ако работата ви е досадна ќе се обидувате на секој можен начин да ја одбегнете или пак да го збогатите денот со деловен ручек или дружење со колегите. Сите Рибии кои можат да ја изразат својата креативност и талент на работното место, сега е момент да успеат во тоа. Ве очекуваат парични проблеми.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП