ПочетнаКОМПАНИИАрмани оставил аманет брендот да се продаде на поголема група

Армани оставил аманет брендот да се продаде на поголема група

Џорџо Армани во својот тестамент ги изложил плановите за продажба на удел во неговата модна куќа на голема луксузна компанија. Со тоа започнува процес што на крајот ќе го вклучи италијанскиот бренд во поголема група, објави „Bloomberg“.

Документите, објавени во петокот, им наложуваат на неговите наследници да продадат почетни 15% удел во „Giorgio Armani“ на еден од трите преферирани купувачи – „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton“, „EssilorLuxottica“ или „L’Oréal“, или компанија со сличен статус, во рок од 18 месеци, според копија добиена од „Bloomberg News“. Купувачот би можел да го зголеми својот удел во мнозинско сопствеништво по три години.

Армани, кој почина претходно овој месец на 91-годишна возраст, размислувал да ја продаде компанијата додека бил жив, но избрал да остане независен. Како дизајнер, тој бил познат по своето прецизно внимание кон деталите, што се гледа во неговиот тестамент, кој поставил детален план за продажба на компанијата. Тоа дојде како изненадување по децении одржување на нејзината независност.

„Брендот „Armani“ претставува ретка можност“, изјавија аналитичарите на „Berenberg“, Ник Андерсон и Харисон Вудин-Лиго, во истражувачка белешка, проценувајќи ја компанијата на вредност помеѓу 5 и 7 милијарди евра.

„Armani“ има долгогодишни партнерства со „EssilorLuxottica“ и „L’Oreal“, а самиот Џорџо Армани беше близок со претседателот на „LVMH“, Бернар Арно, со кого еднаш разговараше за спојување.

Во соопштението, „EssilorLuxottica“ вели дека внимателно ќе го разгледа она што го нарече „еволутивна перспектива“.

Претставниците на „LVMH“ и „L’Oreal“ одбија да коментираат.

Како алтернатива на продажба на поголема група, во „Armani“ би можеле да разгледаат и „IPO“ во Милано или на друг голем пазар, според поднесоците.

„LVMH“ би бил најсоодветен стратешки партнер за „Armani“, рекоа аналитичарите во „Berenberg“. Тие додадоа дека француската луксузна група „има репутација на долгорочен, трпелив и поддржувачки малцински инвеститор“.

„Armani“ останува во рацете на фондацијата на Армани, членовите на семејството и партнерот Лео Дел’Орко. Дел’Орко, кого италијанскиот тајкун го нарекува своја „десна рака“, засега ќе игра клучна улога. Заедно со другите наследници, Дел’Орко ќе одлучи која голема група може да купи мнозински удел во модната куќа.

Планот за продажба на „Armani“ доаѓа во тежок период за луксузните брендови. Царините и геополитичката неизвесност ја оптоваруваат довербата на потрошувачите по години постпандемиски бум. И покрај предизвиците со кои се соочува основниот бизнис за машка мода на понеформален пазар, тестаментот на Армани ја одразува довербата на основачот во долгорочната вредност на брендот.

Компанијата имаше мешани резултати во справувањето со променливите навики на потрошувачите: парфеми како „Acqua di Gio“, лиценцирани на „L’Oreal“, добро функционираат во свет доминиран од онлајн продажба. Во 2018-та година, компаниите го обновија својот договор за лиценцирање до 2050-та година. Слично на тоа, партнерството за очила со „EssilorLuxottica“ беше обновено во 2022-ра година за уште 15 години.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП