ЕКОНОМИЈА

Што нè очекува на границата со Србија? Нови планови на царинските администрации за подобро економско поврзување

Царинските администрации на Србија и Македонија планираат нови чекори што треба да ја подобрат ефикасноста на економиите на двете земји и дополнително да ја зајакнат регионалната соработка.

Меѓу предложените мерки се воведување напредни ИТ системи за царинска контрола и дополнително поедноставување на царинските процедури, објави Царинската управа на Србија.

На неодамнешниот состанок беа разгледани резултатите од досегашната соработка, вклучувајќи: заедничка контрола со едно запирање на границата, меѓусебно признавање на овластени економски оператори, евиденција за мерење на товарни возила и размена на податоци меѓу двете царински администрации.

Целта на овие чекори е да се забрза протокот на стоки, да се намалат административните пречки и да се олесни работењето на компаниите во двете земји, а воедно да се зајакнат економските врски и стабилноста на регионот, пишува Екапија.