ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетири начини да ги научите децата да буџетираат и да ги ценат...

Четири начини да ги научите децата да буџетираат и да ги ценат своите пари

Финансиската писменост почнува уште од најрана возраст. Давањето џепарлак е одличен начин да ги научите децата да управуваат со своите пари, а охрабрувањето да заработат дел од нив е дополнителна лекција за одговорност.

Еве четири практични начини како да им помогнете да ги развијат овие вештини:

Задачи со награда

Децата често се мотивирани од мала парична награда за секојдневни едноставни задачи – како средување на собата или помагање во домот. Ова ја зајакнува идејата дека парите се заработуваат преку труд. Сепак, некои родители претпочитаат децата да ги извршуваат своите обврски без финансиски стимул, па затоа треба да најдете рамнотежа што одговара на вашето семејство.

Банкарство од најмали нозе

Иако готовината е практична, светот сè повеќе се движи кон безготовински плаќања. Детска дебитна картичка нуди сигурност и контрола, ако се изгуби, може да се поништи, за разлика од готовината. Во нашите банки од 16 години, децата можат да имаат дебитна картичка, без провизии и без можност за влегување минус.

Родителска контрола и надзор

Иако нема посебни картички и апликации за деца, родителите се клучни во процесот на учење. Со секое давање џепарлак, поставете јасни правила за трошењето и редовно прашувајте ги децата како ги користат парите. На овој начин, вие сте нивниот главен „ментор“ за одговорно финансиско однесување.

Навика за штедење

Штедењето е еден од најважните финансиски концепти што децата треба да го научат. Без разлика дали собираат за играчка, празници или роденден, поставете физички тегли и пликови, или отворете им штедна сметка. На овој начин ќе научат дека одложеното задоволство носи поголема корист, а ќе ја разберат и идејата за заработка од камата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП