ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје во „The Sun“ – „Лас Вегас на Балканот“ и една од...

Скопје во „The Sun“ – „Лас Вегас на Балканот“ и една од најпотценетите дестинации во светот

Британскиот медиум The Sun објави текст во кој главниот град на Македонија, Скопје, го опишува како „Лас Вегас на Балканот“ и една од најпотценетите туристички дестинации во светот.

Новинарите од The Sun ја истакнуваат уникатната архитектура на градот – монументалните споменици, фонтаните и големите згради со антички столбови, кои потсетуваат на атракциите во американскиот Лас Вегас. Особено внимание е посветено на споменикот „Воин на коњ“ висок 22 метри на плоштадот Македонија, како и на Порта Македонија, која е опишана како мини верзија на славната Arc de Triomphe во Париз.

The Sun потсетува и дека Скопје е втор најдостапен град за посета во Европа – со просечни цени од под 6 фунти за оброк во ресторан и под 2 фунти за пиво.

Покрај градските знаменитости, британскиот медиум ги препорачува и природните убавини во околината, како што е Кањонот Матка, каде туристите можат да уживаат во возење со кајче, возење кајаци и пешачење низ спектакуларната природа.

Дополнително, текстот наведува дека Скопје е меѓу 33-те најпотценети дестинации во светот според престижниот Time Out. Исто така наведено е дека со директните летови од Лондон до Скопје за цена од само 26 фунти, британските туристи имаат уште една причина повеќе да го откријат шармот на македонската престолнина.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП