ПочетнаКОМПАНИИПазарниот удел на „Tesla“ во САД падна на најниско ниво од 2017-та

Пазарниот удел на „Tesla“ во САД падна на најниско ниво од 2017-та

Уделот на „Tesla“ на пазарот на електрични возила во САД падна на најниско ниво од 2017-та година во август, бидејќи купувачите се свртеа кон конкурентските производители на автомобили.

Податоците на „Cox Automotive“ покажаа дека „Tesla“ учествуваше со 38% во продажбата на електрични возила во САД минатиот месец, паѓајќи под прагот од 40% за прв пат од октомври 2017-та година.

Забавувањето доаѓа откако конкурентите како „Hyundai“, „Kia“, „Toyota“ и „Honda“ ги зголемија стимулациите што ја зголемија продажбата на нивните електрични возила за дури 120% во јули.

„Знам дека се позиционираат како компанија за роботика и вештачка интелигенција. Но, кога сте автомобилска компанија, кога немате нови производи, вашиот пазарен удел почнува да опаѓа“, рече Стефани Валдес Стрити, директорка за анализа на индустријата во „Сох“.

Последниот голем нов модел на „Tesla“ беше „Cybertruck“, кој требаше да се појави во 2023-та година, но не успеа да ја повтори популарноста на својот седан „Model 3“ или на теренецот „Model Y“.

Иако „Model Y“ беше ажуриран оваа година, промените не ги исполнија очекувањата, а „Tesla“ се движи кон втора година по ред со опаѓање на продажбата.

Конкуренцијата е поттикната и од дарежливите попусти за потрошувачите и од претстојното истекување на федералните даночни олеснувања во САД на крајот на септември, а аналитичарите очекуваат тоа да продолжи да ја зголемува продажбата на електрични возила на краток рок.

Во претходните години, пазарниот удел на „Tesla“ во САД достигна 80%, но постојано се намалува бидејќи конкурентите ги проширија своите производни линии.

Иако продажбата на „Tesla“ сепак се зголеми за 3,1% во август, растот на пазарот на електрични возила како целина достигна 14%, што ги истакнува релативно послабите перформанси на компанијата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП