По пожарот во депонијата Вардариште која повеќе од седум дена ги труе жителите на Скопје, денска се запали и депонијата Дрисла, испуштајки отровни честички во воздухот, загадувајки го речиси цел град.
Вечерва граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче се пожалија на неподнослива миризба на пластика и гуми, и се видно уплашени за нивното здравје и здравјето на нивните деца.
Инаку смог и непријатна миризба од утрово се осеќаше до Центар и истата се задржа речиси преку целиот ден, за вечерва повторно да стане неподносливо.
И додека граѓаните се гушат, политичарите вообичаено, наместо итно решение, си ја префрлаат одговорноста.



