Малкумина се запознаени дека рерната може да биде вистински „невидлив потрошувач“ на електрична енергија во домаќинството.
Иако повеќето луѓе мислат дека најмногу енергија оди во фрижидерот или машината за сушење алишта, податоците покажуваат дека електричната рерна троши многу повеќе од очекуваното.
Просечната моќност на рерната се движи од 2.000 до дури 5.000 вати. Ова значи дека може да потроши помеѓу 40 и 90 киловат-часови месечно, во зависност од тоа колку често ја користите. Кога е вклучена на највисоки температури, нејзината моментална потрошувачка може да одговара на тоа како де се вклучени 65 фрижидери истовремено.
Една студија покажува дека просечното домаќинство користи до 224 kWh годишно само на рерната, што е значително повеќе од многу апарати што работат континуирано. Проблемот дополнително го создаваат моделите со дигитален дисплеј и часовник, кои продолжуваат да трошат електрична енергија дури и кога се во мирување. Само режимот „Standby“ може да потроши помеѓу 5 и 26 проценти од вкупната потрошувачка на едно домаќинство.
Еве неколку трикови за да ја намалите сметката за електрична енергија додека сè уште ја користите рерната:
- Комбинирајте ги садовите – користете едно загревање за да подготвите неколку оброци.
- Исклучете ја порано – рерната ја задржува топлината, така што јадењето може да се готви дури и откако ќе се исклучи.
- Не ја отворајте вратата често – секој пат кога ќе ја отворите, температурата нагло паѓа, па затоа се троши повеќе енергија.
- Исклучете ја од струја – особено ако вашиот модел продолжува да троши енергија додека е исклучен.



