ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавните фирми го продлабочуваат милионскиот минус на нивните сметки!

Државните фирми го продлабочуваат милионскиот минус на нивните сметки!

Ништо ново не се случува кога станува збор финансиската состојба со компаниите под државна капа. Официјалните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека долгот на Акционерските друштва и на Јавните претпријатија и натаму се зголемува.

Во првите три месеци од годинава тие нанижале минус на нивните конта во висина од фантастични 16 милиони евра. Од вкупно 29 државни фирми, 15 работат со загуба.

Најатрактивната за вработување државна компанија во последните десетина години, македонскиот енергетски гигант ЕСМ прикажа загуби од над 45 милиони евра. Останатите Пет милиони евра во минус е македонски железници транспорт, Јавното претпријатие железници инфраструктура пак во минус од 2,2 милиони евра. Македонска Пошта е во минус од речиси еден милион евра. Нешто над 400 илјади евра е во загуба Јавното претпријатие Водостоспанство на Македонија. Над 600 илјади евра во загуба е и ЈП Злетовица. ЈП Стрежево Битола минус на своето конто од 910 илјади евра.

Податоците на финансии покажуваат и дека 14 државни фирми имаат позитивен епилог на нивните сметки заклучно првиот квартал од годинава. Најпрофитабилна државна фирма се државните патишта кои оствариле добивка од речиси 32 милиони евра. Добро котира и АД Мепсо со над 7 милиони евра, а Државната лотарија пак направила ќар од над 2 милиони евра.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП